Join us on a literary world trip!
Add this book to bookshelf
Grey
Write a new comment Default profile 50px
Grey
Subscribe to read the full book or read the first pages for free!
All characters reduced
Го Сакам Мојот Татко - cover

Го Сакам Мојот Татко

Shelley Admont, Books KidKiddos

Publisher: KidKiddos Books

  • 0
  • 0
  • 0

Summary

Малото зајаче Џими не знае да вози велосипед на две тркала како неговите големи браќа. Всушност, понекогаш тие го задеваат поради тоа. Кога Тато му покажува на Џими како да не се плаши да проба нешто ново, токму тогаш започнува забавата. Оваа детска книга е дел од колекцијата на кратки приказни пред спиење. Оваа книга може да биде идеална за читање на вашите деца пред спиење и пријатна за целото семејство исто така!
Available since: 01/21/2023.
Print length: 34 pages.

Other books that might interest you

  • Басни од Х К Андерсен Vol2 - cover

    Басни од Х К Андерсен Vol2

    Dorota Skwark

    • 0
    • 0
    • 0
    Книгата содржи три прекрасни бајки. „Овчарката и оџачарчето” е топла приказна на порцелански фигурки кои живеат во еден стар ормар со фиоки. „Девојчето со кибритчињата” е тажна приказна за една сиромашна девојка која продава кибритчиња во Бадник. „Зрното грашок” е потресна приказна за болното девојче во чиј живот неочекувано се појавува малото зрно грашок. Сите бајки се придружени со илустрации со убава боја.
     
     
     
    Бајките од Х. К. Андерсен е збирка на најпознатите и најсаканите приказни кои се читани преку вековите. Тоа се приказни полни со магија кои кријат важни вистини и морални вредности. Светот на Андерсеновите бајки ги занимава и воодушевува современите деца, исто така, како и некогаш нивните родители, баби и дедовци, пра-баби и дедовци...
    
     
    Овчарката и Оџачарчето
     
    Хероите на бајката се фигурки направени од порцелан: Овчарката, Оџачарчето и стариот човек од Кина, кој сака убавата Овчарка да стане жена на изрезбарениот водник. Но девојката не се согласува, бидејќи нејзиното мало срце одамна е зафатено со љубов према Оџачарчето. Што ќе се случи понатаму? Прочитајте сами. Приказната ја дополнуваат убавите илустрации во боја.
     
     
     
    Девојчето со кибритчињата
     
    Ова е една од најпознатите бајки која секое дете треба да ја прочита. Ово е потресна приказна за една сиромашна девојка која во студен Божиќ cе обидува да продава кибритчиња на минувачите кои поминуваат низ улицата.
     
    Што ќе се случи со девојката? Прочитајте сами. Приказната ја дополнуваат убавите илустрации во боја.
    
     
    Зрното грашок
     
    Ова е приказна за малото зрно грашок, кој паднало во пукнатината во таванот на домот. Таму живее една жена со нејзината ќерка Каролинка. Девојката е сериозно болна и затоа веќе долго време не го напушта својот кревет. Каролинка љубопитно го гледа растението кое растело од семето. Што ќе се случи во животот на девојката? Прочитајте сами. Приказната ја дополнуваат убавите илустрации во боја.
    Show book
  • Сакам да ја Одржувам Мојата Соба Чиста - cover

    Сакам да ја Одржувам Мојата Соба...

    Shelley Admont, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Оваа детска книга може да ги мотивира децата да преземат одговорност и да ја одржуваат својата соба организирана. Погледнете како малото зајаче Џими и неговите браќа ја учат својата лекција во оваа илустрирана книга. Тие учат да работат заеднички, да ја чистат својата соба, и да ги организираат своите играчки. Оваа приказна може да биде идеална за читање на вашите деца пред спиење и пријатна за целото семејство исто така!
    Show book
  • Ајде да си играме Мамо! - cover

    Ајде да си играме Мамо!

    Shelley Admont, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Емотивна приказна раскажана од прваче, девојче што наоѓа начин да ја развесели мајка си и да ја насмее. Ништо не може да биде подрагоцено од времето поминато заедно. Оваа детска приказна има порака за децата а исто така и за родителите, ги учи децата на сочувство и креативност, истовремено потсетувајќи ги родителите на важноста на квалитетното време поминато со нивните деца.
    Show book
  • Сакам да Јадам Овошје и Зеленчук - cover

    Сакам да Јадам Овошје и Зеленчук

    Shelley Admont, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Малото зајаче Џими сака да јаде бонбони. Тој се прикрадува во кујната за да најде ќесе бонбони што е скриено во шкафот. Што се случува откако Џими ќе се качи да го дофати ќесето бонбони? Ќе откриете кога ќе ја прочитате оваа илустрирана детска книга. Од тој ден, тој започнува да гради здрави навики на исхрана и сака да јаде овошје и зеленчук.
    Show book
  • Сонот на Аманда Amanda’s Dream - cover

    Сонот на Аманда Amanda’s Dream

    Shelley Admont, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Во оваа детска книга ќе ја запознаете Аманда, мало девојче кое има многу да научи за напорната работа и како да ги оствари своите соништа. Придружете ѝ се на Аманда на нејзиното прекрасно патување и научете со неа како да ја пронајдете својата цел и да ја остварите. Ќе гледате како таа се соочува со предизвици, но никогаш не се откажува на нејзиниот пат кон постигнување на нејзината цел. „Сонот на Аманда“ е мотивациска книга за децата и нивните родители. Ова е прва книга од збирката кратки мотивациски приказни што може да им помогне на вашите деца да ги развијат вештините и принципите за да постигнат среќен, исполнет и успешен живот.
    Show book
  • Сакам да ги Четкам Моите Заби - cover

    Сакам да ги Четкам Моите Заби

    Shelley Admont, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Малиот Џими не сака да си ги мие забите. Дури и кога мајка му му купува нова портокалова четка, неговата омилена боја, тој сепак не сака да ја користи како што би требало. Но кога започнуваат да му се случуваат чудни и магични нешта на Малиот Џими, тој започнува да сфаќа колку е важно четкањето заби. Сакам да ги четкам моите заби е одлична приказна полна со убави илустрации што со сигурност ќе го привлечат вниманието на вашите најмали. Доколку вашето дете има тешкотии да се навикне да си ги мие забите тогаш ова е книгата за вас да уживате во неа заеднички. Оваа книга може да биде идеална за читање на вашите деца пред спиење и пријатна за целото семејство исто така!
    Show book