Unisciti a noi in un viaggio nel mondo dei libri!
Aggiungi questo libro allo scaffale
Grey
Scrivi un nuovo commento Default profile 50px
Grey
Iscriviti per leggere l'intero libro o leggi le prime pagine gratuitamente!
All characters reduced
Сакам да Јадам Овошје и Зеленчук - cover

Сакам да Јадам Овошје и Зеленчук

Shelley Admont, Books KidKiddos

Casa editrice: KidKiddos Books

  • 0
  • 0
  • 0

Sinossi

Малото зајаче Џими сака да јаде бонбони. Тој се прикрадува во кујната за да најде ќесе бонбони што е скриено во шкафот. Што се случува откако Џими ќе се качи да го дофати ќесето бонбони? Ќе откриете кога ќе ја прочитате оваа илустрирана детска книга. Од тој ден, тој започнува да гради здрави навики на исхрана и сака да јаде овошје и зеленчук.
Disponibile da: 21/01/2023.
Lunghezza di stampa: 34 pagine.

Altri libri che potrebbero interessarti

  • Сакам да ги Четкам Моите Заби - cover

    Сакам да ги Четкам Моите Заби

    Shelley Admont, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Малиот Џими не сака да си ги мие забите. Дури и кога мајка му му купува нова портокалова четка, неговата омилена боја, тој сепак не сака да ја користи како што би требало. Но кога започнуваат да му се случуваат чудни и магични нешта на Малиот Џими, тој започнува да сфаќа колку е важно четкањето заби. Сакам да ги четкам моите заби е одлична приказна полна со убави илустрации што со сигурност ќе го привлечат вниманието на вашите најмали. Доколку вашето дете има тешкотии да се навикне да си ги мие забите тогаш ова е книгата за вас да уживате во неа заеднички. Оваа книга може да биде идеална за читање на вашите деца пред спиење и пријатна за целото семејство исто така!
    Mostra libro
  • Под Ѕвездите Under the Stars - cover

    Под Ѕвездите Under the Stars

    Sam Sagolski, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Веќе е летен распуст и Марк е возбуден за големата авантура! Но, кога неговите мајка и татко му соопштуваат дека одат на семејно кампување тој почнува да се плаши.Дали Марк ќе го преброди стравот од темнина и ќе може да ужива во патувањето?
    Mostra libro
  • Басни од Х К Андерсен Vol2 - cover

    Басни од Х К Андерсен Vol2

    Dorota Skwark

    • 0
    • 0
    • 0
    Книгата содржи три прекрасни бајки. „Овчарката и оџачарчето” е топла приказна на порцелански фигурки кои живеат во еден стар ормар со фиоки. „Девојчето со кибритчињата” е тажна приказна за една сиромашна девојка која продава кибритчиња во Бадник. „Зрното грашок” е потресна приказна за болното девојче во чиј живот неочекувано се појавува малото зрно грашок. Сите бајки се придружени со илустрации со убава боја.
     
     
     
    Бајките од Х. К. Андерсен е збирка на најпознатите и најсаканите приказни кои се читани преку вековите. Тоа се приказни полни со магија кои кријат важни вистини и морални вредности. Светот на Андерсеновите бајки ги занимава и воодушевува современите деца, исто така, како и некогаш нивните родители, баби и дедовци, пра-баби и дедовци...
    
     
    Овчарката и Оџачарчето
     
    Хероите на бајката се фигурки направени од порцелан: Овчарката, Оџачарчето и стариот човек од Кина, кој сака убавата Овчарка да стане жена на изрезбарениот водник. Но девојката не се согласува, бидејќи нејзиното мало срце одамна е зафатено со љубов према Оџачарчето. Што ќе се случи понатаму? Прочитајте сами. Приказната ја дополнуваат убавите илустрации во боја.
     
     
     
    Девојчето со кибритчињата
     
    Ова е една од најпознатите бајки која секое дете треба да ја прочита. Ово е потресна приказна за една сиромашна девојка која во студен Божиќ cе обидува да продава кибритчиња на минувачите кои поминуваат низ улицата.
     
    Што ќе се случи со девојката? Прочитајте сами. Приказната ја дополнуваат убавите илустрации во боја.
    
     
    Зрното грашок
     
    Ова е приказна за малото зрно грашок, кој паднало во пукнатината во таванот на домот. Таму живее една жена со нејзината ќерка Каролинка. Девојката е сериозно болна и затоа веќе долго време не го напушта својот кревет. Каролинка љубопитно го гледа растението кое растело од семето. Што ќе се случи во животот на девојката? Прочитајте сами. Приказната ја дополнуваат убавите илустрации во боја.
    Mostra libro
  • Прекрасен ден A Wonderful Day - cover

    Прекрасен ден A Wonderful Day

    Sam Sagolski, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Оваа книга е за благодарноста која ги учи децата да пронајдат добро во сѐ. Дени му го раскажува денот на својот татко и сѐ што му се случило во текот на денот. Иако денот на Дени не му поминал токму како што планирал, тој успеал да ужива во него. Изгледа дека во секоја лоша ситуација можеме да најдеме една добра работа за која ќе бидеме благодарни.
    Mostra libro
  • Да се биде Суперхерој - cover

    Да се биде Суперхерој

    Liz Shmuilov, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Многу деца сонуваат да станат суперхерои. Во оваа детска книга, Рон и неговата најдобра пријателка Маја минуваат низ забавно патување за да станат херои. Тие учат важни правила за суперхерои кои им помагаат да ја завршат својата прва мисија. Тие работат заедно и му помагаат на братот на Маја, учејќи нови работи за себе. Дали и вие сакате да станете суперхерој?
    Mostra libro
  • Слатки Сништа Најмило Мое Sweet Dreams My Love - cover

    Слатки Сништа Најмило Мое Sweet...

    Shelley Admont, Books KidKiddos

    • 0
    • 0
    • 0
    Време е за одење в кревет, но Алиса сѐ уште не сака да заспие. Преку проверка на нејзината рутина за одење в кревет, Мама ја смирува својата ќерка потсетувајќи ја за сите прекрасни нешта што ги правеле таа вечер. Напишана на нежен и смирувачки начин, оваа книга ја прикажува љубовта и приврзаноста на Алиса со својата мајка, и ги подготвува младите читатели за добар сон.
    Mostra libro